Монодрамата „Надежда Петровиќ “ во сабота со почеток во 20 часот ќе биде играна на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Станува збор за монодрама која ќе ја изведе актерката Биљана Ѓурковиќ, а настанот е во организација на СПОНА.
– Надежда со години молчеше во мене, таа предизвикуваше лавина од емоции кога и да се загледав до нејзините платна, посебно во оние кои таа ги осликуваше во воениот период. Би размислувала често за силата на таа жена која во одморот помеѓу две битки и негувањето на ранетите, ја земаше четката во раце и со широки потези ги отргнуваше мислите низ кои поминуваше војската, ама и портретите на војниците, трудејќи се на тој начин да ги охрабри и да им подари морал. А во една година „Политика” го објави албумот со кованици на 25те знаменити Срби, меѓу кои се најдоа и трите Србинки: Исидора Секулиќ, Надежда Петровиќ и Милена Павловиќ Барили. Сигурно дека меѓу Србинките има уште од оние кои го заслужуваат епитетот “знаменити” ама да се најде меѓу првите три е уште една потврда за големината на оваа жена. Тоа беа години на одбележување на 100 години од почетокот на Првата Светска војна, а со тоа и 100 години од смртта на Надежда Петровиќ, со тоа времето се наметна за оживувањето на нејзината личност и реализацијата на оваа претстава – рече во интервјуто со Милутин Станчиќ за сајтот на Спона глумицата Ѓуровиќ.
Биљана Ѓуровиќ е родена на 24.09.1976 во Аранѓеловац, Србија. Има завршено Академија за уметности во Нови Сад во класа на проф. Петар Баниќевиќ. Играше на театарските сцени ширум Србија, како и на сцените на Народен театар, Зваздара театар, театар “Славија” во Белград, во претставите Вида Огненовиќ, Душан Ковачевиќ, Јиржија Манцла…
Покрај работата во театрот и на телевизијата, во Драмскиот програм на Радио Белград има оставено преко стотина главни и насловни улоги. За својата уметничка работа е повеќе пати и наградена. Носител е на годишните награди “Витомир Богиќ” од Драмскиот програм на Радио Белград за радиофонија. За улогата на Каролина Нојбер во истоимената претстава на Небојша Ромчевиќ во режија на Милош Јагодиќ, Театар Тимочка крајина “Зоран Радмиловиќ” во Зајечар, четирикратно е наградена и за улогата на Надежда Петровиќ во истоимената продукција на фестивалот монодрама и памтомима во Земун, на Петот меѓународен фестивал на Нова европска театарска акција – НЕТА во Враци, Бугарија и на 12ти Меѓународен фестивал на монодрама „АЛБАМОНО 2015” во Корча, Албанија ја има добиено наградата за најдобра женска улога.
На минатогодишниот театарски фестивал Златен витез во Москва, за истата улога, и има припаднато признието Златна диплома – Златен витез. Покрај уметноста се бави и сто педагогија. Доцент е на Академијата на убави уметности на Универзитетот во Белград и Универзитетот Синергија во Бијељина каде предава Сценски говор и Култура на говорот.
Влезот за монодрамата е бесплатен.
Никола Ивановски