Монах во Тајланд уапсен за проневера на донации

Сподели со своите пријатели

Будистичкиот монах Луанг Фор Алонкот (65), кој основал хоспис за лица со ХИВ во Тајланд, бил уапсен за наводна проневера на донации.

Loading...

Алонкот бил уапсен во неговиот храм во централната провинција Лопбури, а обвиненијата се однесуваат на злоупотреба на средства собрани за храмот и хосписот, пишува Би-Би-Си.

Алонкот негирал какво било кривично дело, тврдејќи дека не извршил проневера.

Тој е игумен на храмот Ват Фрабатнампу, кој основал хоспис за ХИВ во 1992 година и стекнал репутација на хуманитарец, објавува Танјуг.

Покрај тоа што им помага на пациентите со ХИВ, хосписот обезбедува и образование на децата на своите пациенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица загинаа како последица на ураганот во САД

Полицијата го уапси и влијателниот Сексан Сапсубсакул, кој помогнал во собирањето средства за храмот.

Истрагата започнала со Сапсубсакул и била проширена на Алонкот откако биле покренати сомневања за лошо управување со донациите.

Пред да станат познати обвинувањата, Алонкот поднесе оставка од својата позиција.

Loading...

Иако соработката со полицијата беше без никакви инциденти, монахот мораше да поднесе оставка пред да бидат поднесени формални обвиненија, што е вообичаено во Тајланд кога монасите се под истрага.

Тајланд, каде што повеќе од 90 проценти од населението се будисти, има долга историја на почитување на монасите, но многумина се нашле на лош глас поради кршење на законот и манастирскиот кодекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Момчиња во Индонезија јавно камшикувани оти се бакнувале и прегрнувале (ВИДЕО)