МОН: Од утре учениците без маски во училиштата

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука информира дека на денешната владина седница е донесена одлука за прифаќање на предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките кои важеа за учениците во основните училишта.

Loading...

Основницте ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 20.000 казни напишала полицијата во август

Министерството апелира на доследно почитување на сите останати мерки за справување со пандемијата кои се на сила и на одговорно однесување не само во училиштата, туку и надвор од нив, со цел непречено продолжување на наставата со физичко присуство како опција која е од најдобар интерес за учениците.

Министерство за образование и наука