Министерството за образование и наука заедно со Државниот испитен центар во текот на вчерашниот ден ги објавија датумите за полагање на екстерниот дел од државната матура во јунскиот рок за учебната 2015/2016 година.
Според роковниците на МОН, мајчин јазик и литература матурантите ќе полагаат на 4 јуни, математика на 9 јуни, странски јазик на 13 јуни, а матурските испити по физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика ќе бидат на 15 јуни 2016. Полагањето на сите испити ќе почнува во 10 часот во сите училишта низ земјата.
Loading...
Loading...
МОН информира дека динамиката на реализирањето на екстерните испити во јунскиот ипитен рок е согласно со Концепцијата за државна матура и завршен испит.
Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.