Светот со големо внимание претходните денови го следеше спасувањето на 12. момчиња и нивниот ренер од поплавената пештера на северот на Тајланд. Здарсвествената сосотјба на младите фудбалери кои по 17 дена во пештерата се спасени, сега е добро и тие најверојатно во четрвок ќе излезат од болница.
Спасените од пештерата Там Луанг од болницата порачуваат дека се добро и дека повеќе нема причини за грижа. Велат дека би сакале да јадат пилешко, кременадли и ориз. Особено се благодарни на спасувачите.
Тие заедно со тренерот од 23 јуни беа заробени во пешретарата, затоа што дождот ги поплавил тунелита. Акцијата траеше до 10 јули, а во неа учествуваа 90 нуркачи од целиот свет.
Властите од Тајланд ја затворија пештерата, но се надеваат ека подоцна ќе биде отворена како туристичка атракција, но со безбедување за да повторно некој не се заглави во неа.