Палестинците во појасот Газа вежбаат во една од најтешките теретани во светот. Тие вежбаат во рушевини, јавува Ал Џезира.
Во натписот за тоа како живеат Палестинците во разурнатите територии, Ал Џезира пишува дека младите момчиња таму вежбаат користејќи ги единствено своите тела, но и разурнатите згради.
Секако дека никој не води сметка за спортот во Газа, па ние ги користиме разрушените згради. Можеме да вежбаме во рушевините користејќи ги само нашите тела. Овој спорт ни дава сила, амбиција и самодоверба, вели Бакер Алмакадмех.
Во текот на израелските напади на Газа во 2014 година, во појасот Газа беа уништени повеќе од 12 илјади домови, а 100 илјади домови беа оштетени, јавува Ал Џезира.
извор: Al Jazeera
https://www.youtube.com/watch?v=VmqJZBw82l0

