Момче во САД уби крадец кој се обидел да ја ограби неговата баба

Сподели со своите пријатели

12-годишно момче уби еден од провалниците кои упаднале во стан во Северна Каролина, соопшти вчера локалната полиција.

Loading...

Полициските службеници од станицата Голдсборо одговориле во саботата нешто пред 1 часот по полноќ на пријавата за пукање на улицата Саут Вилијам.

Соопштуваат дека две маскирани лица упаднале во станот, барале пари и застрелале едно постаро лице.

Тоа била Линда Елис (73), која еден член на семејството ја идентификуваше како баба на момчето.

Момчето пукало кон натрапниците, принудувајќи ги да избегаат, пишува NBC News.

Исто така, полицијата соопшти дека пронашла еден од крадците, Калил Херинг (19) во близина на раскрсницата со рана од куршум.

Херинг и Елис биле пренесени во болницата, каде била констатирана смрт на Херинг.

Бабата Елис е хоспитализирана со повреди не опасни по живот.

Loading...

Leave a Reply