Едно момче стана вирален хит откако неуспешно се обиде да дојде до своите пет минути слава.
Репортерката на ТВ Фокс Жаклин Матер објави кратко видео од едно од теренот на кое се гледа како момче се појавува зад нејзиниот грб и почнува да вреска мислејќи дека ќе заврши на телевизија.
„Не одиме во живо“, кратко одговори репортерката, по што момчето малку разочарано и тивко си замина.
Жаклин видеото го сподели на Твитер, па момчето стана хит, но на социјалните мрежи, а не на телевизија, како што планирало.
Многу корисници на Твитер се насмеаа на ова видео, а неколку и упатија комплименти на новинарката за тоа како брилијантно реагирала.
Some people just really love FOX5, am I right? 😂@fox5dc pic.twitter.com/LAS4r59nT0
— Jacqueline Matter (@JMatter_TV) April 7, 2022