Кејтлин Семплс од Џорџија објавила фотографија од својот најмлад син Локлан Семплс на Инстаграм минатото лето. Момчето го привлекло вниманието на многумина со својата коса, а една од придружничките и испрати порака на Кејтилин во која ја прашала дали на нејзиниот син му бил дијагностициран синдром на коса што не се чешла.
View this post on Instagram
Кејтилин се загрижила поради тоа и отишла со својот син кај дерматолог кој му дијагностицирал синдром на коса што не се чешла. Имено, овој синдром е резултат на наследување на две копии на генетска мутација – по една од секој родител – која го менува обликот на коренот на косата.
View this post on Instagram
Резултатот е многу тенка коса која „лебди“ околу целата глава. Во светот се пријавени само околу 100. случаи на оваа болест, а состојбата на косата обично се подобрува во раниот пубертет.
View this post on Instagram
33-годишната мајка совет и искуства за овој синдром побарала и на социјалните мрежи. На крајот отворила профил на Инстаграм каде објавува фотографии од нејзиниот син. Едногодишниот Локлан набрзо станал хит на социјалната мрежа, а многу следбеници му пишуваат дека е многу сладок со ваква коса.
View this post on Instagram
„Многумина се исклучително љубезни. Луѓето често бараат да се фотографираат со Локлан. Не ми пречи тоа, се додека тој е среќен”, изјавила Кејтилин за The Guardian.
View this post on Instagram