Момче се исплаши од шишање, па сите во салонот почнаа да пеат и го смирија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шишањето може да изгледа прилично страшно за децата. Затоа малите деца во салоните често плачат, исто како и момчето од виралното видео што кружи на Твитер.

Loading...

Малиот Италијанец не можеше да ги задржи солзите кога седна на фризерската столица, и за да го смират, сите фризери во салонот почнаа да пеат.

„Беше многу нервозен за шишањето, па сите пееја за да направат да се чувствува поудобно“, е описот на снимката, која всушност датира од 2019 година, но неодамна повторно стана хит.

„Љубезноста на некои луѓе не може да се измери“, „Ова е премногу слатко“, „Момците се одлични, браво“, коментираат многумина.