Во израелска рација во градот Наблус на окупираниот Западен Брег, рано утринава е убиен 15-годишен Палестинец, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Како што е наведено, Махди Хасаш починал од здобиените рани.
Екстремистичката организација Бригада на мачениците Ал Акса објави дека Хашаш бил нејзин член.
Конфликтот избувна во време на зголемени тензии и насилство меѓу Израелците и Палестинците.
Палестински напаѓачи убија најмалку 24 лица во Израел од почетокот на оваа година.
Околу 130 Палестинци се убиени во судирите на Западниот Брег и Источен Ерусалим, што е најмногу од 2006 година, покажуваат податоците на израелската организација за човекови права Безелем.
Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година и оттогаш го држи под воена окупација.
Во меѓувреме, на таа област се населиле повеќе од половина милион Израелци.
Палестинците сакаат Западниот Брег и Појасот Газа да ја формираат нивната идна независна држава, со источен Ерусалим како главен град.