Момче од Куманово загина откако излетал со моторцикл

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишно момче од Куманово вчера попладне го загуби животот откако со моторцикл излетал од патот во село Длабочица.

– На 02.11.2025 година во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управан од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени сите гласови: Димитриевски останува градоначалник на Куманово