Младо момче се самоубило откако неговата поранешна девојка му испратила повеќе од 47.000 пораки.
Необичен случај се случува пред судот во Бостон, каде девојка (23) се изјаснила за виновна за убиство од небрежност поради СМС пораки кои му ги праќала на своето момче.
Јинјонг Ју се изјаснила за виновна за убиство откако било утврдено дека нејзиното момче се самоубило поради содржината на пораките што му ги праќала, а ги имало 47.000!
Александар Уртула се самоубил на денот на церемонијата на дипломирање на Колеџот во Бостон, во мај 2019 година.
Александар и Инјонг учеле заедно, а потоа станале пар, но врската набрзо тргнала по токсичен пат.
Нон-стоп се скарале, а набргу и раскинале, а потоа Инјонг, според судијката, започнала „кампања на злоупотреба“ против своето поранешно момче.
За помалку од два месеци, парот разменил повеќе од 75.000 пораки, од кои 47.130 биле испратени од Инјонг. Во повеќето од нив таа му повторувала дека треба да се убие.
„Направи услуга на сите и оди убиј се, е*ено глупаво, безвредно гомно“, е само една од пораките прочитани на суд.
На денот на самоубиството на Александар, кое го извршил во гаража во близина на неговиот стан, таа го следела неговиот телефон и локацијата со помош на апликација на неговиот уред и била присутна кога тој починал, што обвинителството го нарече „немилосрдно и намерно“.
„Намерно и постојано ѝ повторувавте на жртвата дека треба да убие или да умре, што на крајот доведе до негова загуба на слободната волја. Доказите покажуваат дека неговите самоубиствени мисли започнале кога започнала кампањата за злоупотреба“, рече обвинителката Рејчел Ролинс.
Таа не добила затворска казна, но се договорила со обвинителството и ќе биде на условна слобода.
Тоа значи општествено корисна работа и психотерапија, а доколку ги прекрши условите ќе мора да оди во затвор две и пол години.