Искачувањето до самиот врв на вулканот е доста возбудлив зафат. Меѓутоа, едно момче и покрај оваа авантура одлучило на локацијата да ја сврши својата девојка Алисон, пренесува Дејли мејл.
Парот од Канада се искачувал до работ на вулканот Маунт Бромо во Индонезија (кој се наоѓа на 2.329 метри), кога Џерод го поставил прашањето на својата девојка.
Овој романтичен момент е овековечен со снимка и фотографија од воздух. Се гледа како Џерод клечи на едно колено и ја вади кутијата со прстенот.
Алисон останала затечена и гледала во своето момче со неверување. Потоа го прегрнала и паднал бакнежот.
Паров снимката ја објавил на интернет, а Џерод напишал: „6. февруари 2019 година е исланиран да биде посебен ден додека се качуваме до првиот вулкан. Малку работи укажуваат на тоа дека овој ден ќе биде посебен од некоја друга причина. Додека одев по работ на кратерот, клеканв на едно колено и ја прашав да се омажи за мене. Таа беше шокирана, а потоа по солзите радосници, рече „да“. Алисон тогаш барала да одиме од тоа место, затоа што два големи настани се премногу за нас.
Овој пар води блог за патувања кој се фокусира на идејата дека животите на луѓето треба да бидат во постојано движење и да поставуваат „нови корени“.
Фото: Принтскрин Јутјуб