Седумгодишното момче Досон ловело риби, заедно со неговиот татко Шон Мекмахон, на Палм брегот во Флорида, кога се случила необична ситуација.Имено, момчето остана без улов, но и без прачката.
Loading...
Како што може да се види на видеото, детето фатило риба и било видно возбудено. Меѓутоа, кога ја извлекол од водата, настанало изненадување. Алигатор излегол од водата по рибата и му го „украде“ неговиот улов, а со рибата го повлекол риболовниот стап.
МекМахон го објавил видеото на Фејсбук, кое станало вирално за кратко време.