Момче (11) по три години конечно доби нов бубрег: Mу го донирала неговата учителка

Сподели со своите пријатели

Гевин Секстон имал само осум години кога добил сериозно заболување на бубрезите поради кое морал да направи дијализа. Долго чекал за нов бубрег што ќе му овозможи да живее нормално, а тоа го овозможи никој друг, туку наставничката во неговото училиште.

Loading...

Единаесетгодишниот Гевин води тешка битка од почетокот на својот живот. На овој мал борец, кога имал само три години, му бил дијагностициран тумор на бубрег, кој бил во третата фаза. Поголемиот дел од животот го поминал на лекување.

– Го оперираа, а потоа му беше отстранет целиот лев бубрег, кој влијаеше на туморот. Потоа, тој беше подложен на хемотерапија и зрачење – ја започнува приказната мајката на Гевин, Робин.

 

 

По неколку циклуси на лекување, снимките покажаа дека ракот се проширил на белите дробови, што значело само една нова борба и повеќе лекување. По новиот циклус на терапија, родителите можеле да се одморат бидејќи туморот конечно се повлекол. Сепак, нивната радост траела кратко, само една година подоцна, ракот му се вратил.

– Повторно, лекарите откриле рак во близина на друг бубрег. Потоа ни рекоа дека ќе му треба многу агресивна терапија со зрачење што сигурно ќе му го уништи бубрегот – мајката на момчето ја продолжува приказната.

Loading...

Храброто момче ја добило и оваа битка, но по само три месеци тешката борба со ракот си го направи своето – момчето изгуби уште еден бубрег.

– Бевме свесни за она што доаѓа, но не се надевавме дека ќе дојде толку брзо – додаде Робин.

На само осум години, Гевин морал да оди на дијализа. Неговата мајка вели дека овој процес му бил многу тежок затоа што ги испуштил пријателите и спортувањето. Неговите родители го запишале на часови по пливање пред откажување на бубрегот, но кога започнал со терапија, тој морал да престане да тренира.

На неговите родители им било јасно дека му треба трансплантација. Тој морало да биде здрав две години, кога станува збор за рак, за да може да влезе во процесот на трансплантација.

Во следните две години, секоја вечер пред спиење, детето морало да биде поврзано со машина за дијализа, со што ќе се чисти неговата крв во следните 10 часа. Кога имал две години, родителите на момчето го ставиле на листа на чекање за трансплантација на бубрег, пренесува Мирор.

 

 

Loading...

– Проблемот е што понекогаш чекањето за нов бубрег може да трае со години – објасни мајката на момчето.

Гевин веќе поминал низ толку тешки моменти. Неговите родители биле тестирани веднаш, сепак, никој од нив не можел да биде негов донатор. Мајката не била компатибилна, додека таткото што ги исполнува условите имал висок крвен притисок, па процесот беше многу ризичен.

Еден повик што променил сè

Ова не ги обесхрабри родителите и тие испратија писмо до најблиските членови на семејството и пријателите со барање да одат на тестирање ако можат. Кога добиле одговор од Ана, која Робин и нејзиниот сопруг не ја познавале и која работела во училиштето на Гевин, семејството конечно се насмевнало од среќа. Таа ги известила дека сака да му донира бубрег на нивниот син.

– Ја запознав Ана која на почетокот ми рече дека е многу трогната од нашата приказна. Таа рече дека дарувањето бубрег на момче е нешто што смета дека треба да го стори. Тогаш помислив колку е љубезна што сака да биде вклучена во целиот процес – рекла мајката на момчето.

Донарката рече дека разговарала со сопругот и ќерките за нејзините планови и за тоа како сите ја поддржувале и биле среќни за неа. Наскоро започнала пандемијата на коронавирус, која за жал ја одложила операцијата за некое време. Но, и покрај доцнењето, Ана никогаш не се поколебала, таа била решена да му помогне на момчето конечно да живее нормално како и сите негови врсници.

 

Loading...

 

Кога завршило заклучувањето, таа започнала со Тетс за да потврди дека се поклопува со момчето и дека е целосно здрава. Конечно, големиот ден бил закажан за февруари оваа година. Родителите на момчето биле многу возбудени и со нетрпение чекале Ана да ја заврши операцијата.

„Постојано бевме информирани за нејзината состојба, дека бубрегот и е на мраз, дека е добро“, рече Робин.

За среќа, операцијата поминала добро, и по три години, момчето конечно доби нов здрав бубрег.

– Иако мерките за корона сè уште се на сила, на мојот сопруг и јас ни беше дозволено да бидеме до Гевин кога ќе се разбуди. Следниот ден ни беше дозволено да ја видиме и Ана. Кога ја видов, останав без зборови. Сè што можев да и кажам е дека е ангел и дека направи неверојатно добро дело за нас – возбудено рече Робин.

По две и пол недели закрепнување во болницата, Гевин конечно е дома.

Loading...

– По неколку дена, ги поканивме Ана и нејзиното семејство да го видат Гевин. Беше прекрасно да ги гледаме заедно. Оттогаш, тие се виделе неколку пати и поминале време заедно. Знам дека тие ќе бидат пријатели до крајот на животот – рече Робин.

По неколку тешки недели под силна болка и лекови, Гевин секој ден станува се подобар. Неговиот апетит, кој бил потиснат од дијализата, се враќа постепено и ужива во неговите омилени десерти направени од бисквити и чоколадно млеко.

Неговите постари браќа Бен (14) и Рајан (13) се олеснети што нивниот помлад брат конечно е со нив по толку години борби.

 

Loading...

Leave a Reply