Молдавија повеќе не користи руски гас и струја

Сподели со своите пријатели

Молдавија повеќе не користи руски природен гас или руска електрична енергија откако ја прекина зависноста од почетокот на војната во Украина, изјави премиерот на земјата Дорин Речан.

Loading...

„Ако на почетокот на војната 100 отсто од енергијата потрошена во Молдавија доаѓаше од Русија, денес Молдавија може да постои без апсолутно никаков природен гас или електрична енергија од Русија“, рече тој на безбедносната конференција во Букурешт, пренесува Ројтерс.

Речан, кој ја предводи новата прозападна влада, беше избран за премиер на Молдавија во средината на февруари.

„Молдавија повеќе не троши руски гас, таа е интегрирана во европската енергетска мрежа и технички и комерцијално“, додаде Речан.