Молдавец баран од Интерпол приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник од Молдавија, баран преку Интерпол, бил приведен вчера на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 28.02.2024 во 15.25 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(26) од Република Молдавија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Романија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени