Ѓумбирот е богат со есенцијални масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б, а во комбинација со мед и лимон му дава на нашето тело вистинска „нутритивна бомба“.
Ако додадете од моќниот лук како докажан антибиотик, тогаш сигурно ќе добиете природен лек што ќе ги избрка сите вируси.
Домашен сируп за кашлица со мед, маслиново масло и лимон
Состојки:
500 грама домашен мед
2 средни и еден поголем корен од ѓумбир
сок од еден лимон,
4 чешниња лук
Еве што се случува со нас кога ќе се прејадеме
Подготовка:
Подгответе 500 грама мед и празна тегла од 800 мл.
Излупете, изрендајте го коренот на ѓумбир.
Истискајте сок од лимон или плод од лимон и исецкајте на парчиња.
Ситно исецкајте го лукот.
Ставете ги сите состојки во теглата со мед, така што ќе наполните малку повеќе од половина тегла.
Лимонот и ѓумбирот ќе ослободат сок.
5 пијалаци против висок крвен притисок
Оставете ги сите состојки да отстојат еден ден, а потоа наполнете ја теглата целосно со мед.
Како се користи?
Ако сте болни, земете една лажица три пати на ден.
За спречување и зајакнување на имунитетот, доволно е да земете една до две лажици.
Научниците од Одделот за јавно здравје во Керала, Индија, го испитале успехот на антимикробната активност на ѓумбир, мед, лимон и лук против бактеријата стрептокок.
Солта како алкохолот – штетна за црниот дроб
„Тестиравме различни комбинации на овие 4 состојки и откривме дека лукот покажува најголема активност против бактериите и го инхибира нивниот раст и покажува уште поголема зона на инхибиција во комбинација со лимон“, заклучуваат научниците.
Овие резултати покажуваат дека настинката најдобро се третира со природни состојки како што се лук, ѓумбир, лимон и мед, што ќе придонесе за здравјето на целиот организам.