Судот во југозападна Јапонија го осуди шефот на моќната мафијашка организација Јакуза на смрт со бесење.
Аналитичарите велат дека овие групи Јакуза се вклучени во секоја област на криминални активности во земјата, од дрога и проституција, до манипулација на берзите.
Судот во градот Фукука утврди дека Номура Сатору (74) наредил четири убиства, од кои едното резултирало со смрт, пишува Би – Би – Си.
Пресудата беше донесена и покрај недостатокот на директни докази против Номура, објавија локалните медиуми. Тој негираше каква било вмешаност.
Би – Би – Си наведува дека се верува дека ова е прв случај на висок припадник на јапонската мафија да биде осуден на смрт.
„Побарав фер одлука… ќе се каете до крајот на животот“, му рече Номура на претседателот на судот, откако ја изрече пресудата, пренесуваат локалните весници.
Номура, која раководи со мафијашката организација Кудо-Кај, која работи во југозападна Јапонија, планира да се пожали.
Иако обвинителството немаше директен доказ дека Номура ги наредил убиствата, тие успешно го убедија судот дека неговото апсолутно управување со оваа група значи дека тој исто така има крајна одговорност.
За време на четири напади помеѓу 1998 и 2014 година, поранешниот шеф на рибарска компанија беше убиен, а три други лица беа повредени, меѓу кои и еден полицаец.
Објаснувајќи ја пресудата, судијата ги нарече постапките на Номура „крајно изопачени“.
Групите Јакуза не се нелегални во Јапонија и често се кријат зад некои деловни компании.
Аналитичарите велат дека овие банди се вклучени во секоја област на криминални активности во земјата, од дрога и проституција, до манипулација на берзите.