Мојот сопруг сака мажи, но не мислам да се разведам од него: Имаат две деца и се пресреќни

Сподели со своите пријатели

Еден брачен пар ги рушил сите стереотипи. Кога ќе ги погледнете нивните слики, изгледаат како најсреќното семејство на светот, но во никој случај не може да се каже дека нивната врска е традиционална. Оваа жена се омажила за хомосексуалец, му родила деца, а еве зошто не размислува за развод.

Loading...

 

 

“Дали знаете колку време просечен пар поминува во љубов? А колкумина „одат“ на заеднички оброци, гледање филмови, разговор, средување на домот, шетање…? Не мора да бидете математичар за да сфатите дека поминуваме многу повеќе време правејќи ги сите тие „обични“, секојдневни работи со партнерот отколку во „дејствија во кревет“. И додека за добар секс треба да бидете привлечени, сето горенаведено бара многу повеќе. Разбирање, исти животни ставови, толеранција, тоа го можам, но најважно од се – љубовта.”

 

 

Loading...

Брачен пар кој изгледа како од некоја реклама за „среќно семејство“ има сосема необична приказна. На сликите глумат како најзаљубените маж и жена на светот, имаат две прекрасни деца, чиста идила, би се рекло. И ова не е далеку од вистината. Но, нивниот брак е сè само не конвенционален. Всушност, Метју е геј, а на Брин ни најмалку не и пречи. Напротив, вели таа, никогаш не би се разведе бидејќи во Метју нашла се што побарала од еден маж.

 

 

Метју Нилсон и Брин Ембри се запознале во црква и уште од првиот момент почувствувале необична врска, како што велат „веднаш кликнале“. Малку по малку низ разговор сфатија дека делат исти интереси. И двајцата сакаат да читаат, имаат исти животни ставови, споделуваат исти вредности..

 

 

Loading...

По неколку одлични излегувања, дојде моментот на вистината – Метју одлучи дека е време да и каже на Брин дека е геј. И тогаш се случи нешто сосема неверојатно – тоа ни најмалку не и пречело. Всушност, многу поважно и е и двајцата да уживаат во заедничките моменти отколку неговата сексуална ориентација. Откако тој „проблем“ бил решен, ништо не ги спречило да ја подигнат врската на повисоко ниво. Решиле да се венчаат и бидејќи и двајцата сакале деца, да имаат потомство.