Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, изрази солидарност со албанскиот премиер Еди Рама за серијата катастрофални земјотреси што ја погодија Албанија кога десетици луѓе беа повредени, а нанесена е огромна штета на зградите и инфраструктурата, соопшти ЕУ.
Могерини исто така ја истакна подготвеноста на Европската унија да понуди помош, вклучително и преку Механизмот за цивилна заштита и посака брзо закрепнување на повредените.
Бидејќи премиерот Рама ја откажа посетата на Њујорк за министерска недела на Генералното собрание на ООН, поради земјотресот, тој ќе биде заменет од министерот за надворешни работи Гент Какај на вечерата, организирана од високиот претставник за лидерите на Западен Балкан, се вели во соопштението.
Земјотрес со јачина од 5,8 степени кој вчера попладне го погоди албанскиот град Драч, повреди 105 луѓе и оштети стотици згради во Драч, Тирана и други западни и централни квартови.