Модерна работи на специјална вакцина против омикрон

Сподели со своите пријатели

Американската фармацевтска компанија Модерна работи на вакцина против сојот омикрон, изјави денеска извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, во интервју за CNBC.

Loading...

„Модерна работи на специјална вакцина за омикрон, која наскоро ќе биде достапна во клиниките“, рече тој, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, додаде дека Модерна може да испорача две до три милијарди бустер дози оваа година.

Модерна минатиот месец рече дека за време на лабораториските тестови, засилувачката доза на нејзината вакцина обезбедува заштита од омикрон и дека сегашната верзија на вакцината ќе продолжи да биде „првата линија на одбрана на Модерна против омикрон“.