Моделот и моден стилист Чери Луиз (29) од Нов Зеланд, ја загубила ногата кога имала само шест години.
Како тинејџерка, Чери Луиз, која ја загубила ногата откако ѝ беше дијагностициран рак на коските, се борела да го привлече вниманието.
View this post on Instagram
Сепак, во своите 20-ти години, сфатила дека нејзиниот хендикеп секогаш ќе привлекува внимание, па одлучила да го искористи во попозитивна цел.
Таа ја започнала својата манекенска кариера и снимала кампањи за големи брендови, како што се Bluebelle и Modibodi. Таа започнала да ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи, но некои почнаа да ја обвинуваат дека ја лажира попреченоста поради „лајкови“.
View this post on Instagram
Луѓето на социјалните мрежи често ме обвинуваат дека го лажирам својот инвалидитет и тврдат дека користам Фотошоп за да ја избришам ногата заради внимание – рече таа, додавајќи дека честопати го наведуваат одразот на нешто што го виделе на подот како доказ.
„За мене е срамно, со оглед на се што поминав за да преживеам и да стигнам до точка каде што сум сега, а потоа ме обвинуваат дека се е лажно и фотошопирано“, призна Чери.
View this post on Instagram
Таа никогаш не верувала дека ќе се вработи, ќе се заљуби, ќе има семејство… затоа што никогаш не запознала некој кој исто така има ампутирана нога.
– Имаше безброј ноќи што плачев поради фотографиите во кои бев пред ампутацијата, прашувајќи се зошто ми се случи тоа, посакувајќи еден ден да се разбудам и повторно да имам две нозе – рече таа.
View this post on Instagram
Своето мислење во однос на попреченоста го сменила во своите дваесетти години, кога сфатила дека луѓето секогаш ќе ја гледаат, па зошто би дозволила несаканото внимание да ја спречи да го прави она што го сака.
„Социјалните медиуми, всушност, одиграа голема улога во стекнувањето доверба, бидејќи открив дека колку повеќе објавувам, толку помалку се грижам за тоа како луѓето ќе реагираат на мене“, рече Чери.
View this post on Instagram
Таа исто така нашла модел со ист проблем на Инстаграм, а и помогнала да отфрли некои од нејзините стравови.
– Се сеќавам дека ги објави своите фотографии во костими за капење, па дури и фотографии каде што се видливи нејзините лузни. Иако споделив многу мои фотографии, никогаш не бев доволно храбра да споделам нешто како фотографија во костим за капење. По нејзините фотографии, отфрлив некои од моите стравови – открива таа.
View this post on Instagram
Како тинејџерка, таа сфатила дека нејзиниот сон е да работи во моделингот.
– На 16-годишна возраст отидов на модно училиште и така започнав со моделирање, а на 20 – годишна возраст се преселив во Мелбурн додека продолжив да се занимавам со стајлинг – рече таа.
Нејзината прва официјална задача била за брендот за долна облека Блубел. Чери, исто така, сака да ја искористи својата работа за да ги претставува сите луѓе со попреченост.
View this post on Instagram
– Знам дека најлесниот начин да го направам тоа е да ја ширам сопствената слика и да ширам точна слика за лицата со попреченост. Се надевам дека ќе ме видат децата со потешкотии во развојот, кои не се сигурни што им носи иднината. Сакам да се пробијам во индустриите што создадоа приказни за нас, наместо да дозволиме самите да ги кажеме – заклучила таа, а пишува Дејли Меил.
View this post on Instagram