МНР: Македонците да се воздржат од патувања кон Блискиот исток

Сподели со своите пријатели

Во врска со последните информации за безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

– Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба, велат од МНР.

Согласно информациите добиени од Амбасадата во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Конфликтот се шири: Нападната американска база во Бахреин, експлозии во Кувајт, Абу Даби и Катар

Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.

– Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош можат да се обратат на следните контакти:

Амбасада Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

Е-пошта: [email protected]

МНРНТ

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: [email protected]