Мнозинство од кумановските советници гласаа против предлогот нивните лаптопи да се донираат во училиштата

Сподели со своите пријатели

Поголем дел од членовите на Советот на Општина Куманово гласаа против предлог одлуката новите 33 лаптоп компјутери да бидат донирани во основните училишта. За гласаа само советниците на Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, додека сите останати беа против.

Loading...

На крајот од 32 советници, „за“ гласаа само 14. Од За наше Куманово против оваа предлог одлука гласаше советникот Бетим Хајдари, од ВМРО-ДПМНЕ против гласаше советникот Саша Николиќ, сите советници на СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА.

– Имено од сознанија и дискусија од советниците во рпетходните состави имаат кажано дека малку или воопшто службените лаптопи не секористени, советот заседава еднаш до два пати месечно и би ги користеле еднаш до два пати и јавноста е добро да знае дека се службени лаптопи ги земаме на реверс и ги враќаме по завршување на мандатот, појасни Доцевска Божиновска.

Како што рече таа, општината располага со стари преносни компјутери и може да ги користат за раота на советите, а дел имаат и сопствени кои можат да си ги користат.

– Тие што имаме е добро да си ги користиме, дел имаме и модерни телефони истата работа можат да ја завршат и на телефоните. За волја на вистината треба да кажеме дека како советници добиваме материјали и претежно користиме ворд, отвораме службен мејл и за тоа не се потребни нови технологии или перформанси. Паралелно на тоа сметам дека во состојбата во која се наоѓаме, здравствена, економска и енергетска криза нашите сограѓани родители имаат наметната потреба да обезбедат за дечињата лаптопи, компјутери или таблети за да следат онлајн настава можам да замислам како им е на тие наши сограѓани со минмална плата што треба да ја набават таа техника на рати и да отплааат со години, рече таа.

Градоначалникот Максим Димитриевски рече дека ќе поддржи било каква одлука што ќе ја изгласаат советниците, но ако прифатат да ги донираат подоцна да не бараат дополнителни средства за хартија.

– Ако советниците одлучат дека не треба да користат техничка опрема тоа е ваша одлука, но притоа ќе обрнам внимание да не правиме дополнителн трошоци по основ на принтани материјали. Годишниот буџет кој го усвојуате вие сте тука 33 совентици плус службите за поддршка, значи дека ние на една седдница на совет во просек само за буџет треба да поторшиме 400 килограми хартија или тоа се сериозни финансиски средства, ако биде донесена оваа одлука тогаш вие како совентици ќе бидете свесни на одуката и да не дојдеме во ситуаицја да давате технички забелешки во делот на функционирање на советот до претседателот или службите за поддршка на советот и граодначалникот бидејќи во тој случај ќе треба да си обезбедите техничка опрема за фајловите што ги добивате за разгледување и следење на седниците на ваши средства што ги користите, им рече Димитриевски

Идејата не ја поддржаа совентиците од ДУИ. Според Арта Адеми предлог одлуката е популистичка.

Loading...

– Сакам да истакнам дека ДУИ нема да подджри таква иницијатива поради тоа што ја сметаме како популистичка и за придобивање на политички поени. Лаптопите не се привилегии, туку се средства преку кои ние треба да ја завршиме нашата работа профеисонално. Спомнаа говорниците дека се во користење од наша страна и ќе се вратат по мандатот, причината зошто не е добра оваа иницијатива се многу, но ако сакаме да ги даваме ќе го оптеретеме буџетот бидејќи после четири години по овој мандат ќе треба да сеобезбедат нови за идниот мандат, рече таа.

Адеми предложи да се најде начин да се донираат понатаму нивните хонорари што ги земаат, наместо овие компјутери.

– Предлагам ние да ги делиме средствата од нашите паушали и да се процени во сите основни училишта да се види за што имаат потреба бидејќи советниците и граѓаните, ние сите сме свесни дека лаптоповите и електрониката е последната точка, нашите деца и ученици немаат потреба за нашата милост туку имаат право на проекти кои ќе ги од отстранат елементарните потеби. Немаат клупи и столчиња, не знам каква е во сите училишта, но во Наим Фрашери немаат столчиња и клупи каде да го следат воспитно – образовниот процес, затоа техниологијата е последна точка по која треба да се ангажираме, рече таа.

Според Елена Доцевска Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ, предлог одлуката не е лична, партиска, на советнички групи, туку идејата била да биде од сите координатори.

– Критиките од граѓаните и револтот се наменети и насочени кон секој еден советник по ова прашање, затоа намерата и предлогот беше да истапиме сите заедно како координатори претставници на полиитчки партии да дадеме предлог одлука истата да ја поддржиме, рече таа.

Поддршка на идејата даде и советникот од „За наше Куманово“ Николај Павловски, кој рече дека е подготвен својот лаптоп да го отстапи.

– Сакам да изразам уверување и подготвеност да го дадам мојот лаптоп на трајно користење и ја поддржувам оваа иницијатива и нашата совентичка група е еден од подносителите и скоро сум бил во образовниот процес знам дека има потреба, рече тој.

Според советничката Валентина Младеновска, потребите на училиштата се големи, особено во случај кога мора да се следи онлајн настава поради ученици во изолација.

Loading...

– До мене допира огромен број негативни коментари од граѓаните зошто ви се потребни, само што станавте на функција купувате лаптопи, лично бев погодена бидејќи секој од нас досега имал компјутер пристоен може и постар за да ја обавува оваа функција. Сакам да кажам дека го поддржувам градоначалникот и не би сакала да се случи некој од нас ако ја изглсаме оваа одлука да побара хартија посебно сега кога се декларираме дека сме за здрава жиботна средина, рече таа.

Координаторот на советничката група на Алијанса за Албанците, Дритон Сулејмани исто така беше против и рече дека два до три лаптоп компјутери во училиште каде учат 1.000 ученици нема да го реши проблемот.

– Замислете во „Наим Фрашери“ да донираме два лаптопи, 1.000 ученици и праќате два лаптопи, што ќе се случи со нив нема ни да стигнат до учениците. Мала е бројката, а потребата е многу голема, мислам дека латопите ни се дадени да ги употребуваме за нашата задча во советот за да ги обработиме и читаме материјалите и мислам дека граѓаните нѐ гласале да ги реализираме нашите задчаи како што треба, рече тој.

Многу пожестока кон своите колеги советници беше советничката Невена Величковска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека 19 колеги веќе ги подигнале компјутерите, но денеска на седницата никој не ги користел.

– Со сознинијата што ги имам 19 колеги ги подигнале своите лаптопи, во оваа сала не гледам дека некој работи, торбите ги гледам ама затворени лаптопи. Сакам да ве прашам, имавме втора седница на совет на Општина Куманово, како ги отворивте материјалите, како дискутиравте и како се спремивте? Зад овие врати да ги оставиме сите наши мислења и разговори, ние сме изберени за граѓаните, велите дали два лаптопи ќе значат нешто, сега можеби нема, ако не ги донираме нема да има, ама два ќе најдат примена и некој ќе ги користи, рече таа и повика да се послуша мислењето на граѓаните.

Советниците од СДСМ исто така гласаа против да се донираат компјутерите, а единствен кој излезе да го образложи ставот беше советникот Самет Салиевски.

– Не можам да си ги склопам некои работи од колегите од ВМРО – ДПМНЕ кои итекако вметнуваат работи за народот кои не се реални. Ова ми е трет мандат и отсекогаш имаше лаптопи во кои требаше да работиме тоа беше соодветно на сите, и нешто што е навистина потребно за работа, рече тој.

По лавината негативни реакции од јавноста дел од советниците одлучија да не ги прифатат новите лаптоп компјутери, но дел од нив веќе ги подигнале и гласаа против одлуката да бидат донирани.

Loading...

Никола Ивановски