Ливија Филимон (31), младоженец од Романија, доживеаl трагедија на сопствената венчавка. Се се случило за време на традиционалното фрлање на младоженецот во воздух во кое учествуваа неговите пријатели. Работите тргнале наопаку кога на пријателите го фрлиле.
Ужасен момент е снимен со камера, а видеото покажува како невестата танцува среќно само неколку секунди пред несреќата што ја доживеал нејзиниот сопруг.
Таа се свртела кон група пријатели додека тие го фрлија Филемон во воздух пред да го фатат.
Но, по обидот за второто фрлање, пријателите не успеале да го фатат и Филимон паднал на главата.
Според локалните медиуми, на младоженецот ‘рбетот му бил распукан, а гостите дополнително ја влошиле ситуацијата со тоа што непрофесионално го кренале и го ставиле на стол пред да пристигнат болничарите, пренесува Daily Mail.
Филимон не ја отфрлил можноста да ги тужи своите пријатели за предизвикување на повредата.
– Контактирав адвокат, но сеуште размислувам што ќе правам – изјавил од болничкиот кревет.
Тој наводно рекол дека може да ги помести рацете по инцидентот, но не и нозете.