Младоженецот бил принуден да го земе лаптопот и да работи и на сопствената венчавка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џеј Реј Вијајшинг Дешмук, фотограф од Индија, неодамна беше сведок на една необична сцена на една свадба. Имено, еден младоженец наместо целосно да ужива во празничниот ден, крунисувањето на една љубов, бил принуден да земе лаптоп во рацете и да продолжи со својата работа.

Loading...

Што било толку итно што работодавачот не можел да чека ден-два, тој не откри, но го забележал изразот на лицето на невестата која седела на само неколку метри во друштво на нејзиниот кум и деверуши.

Девојчето се насмевна пред камерата и со тоа даде до знаење дека има разбирање за обврските на нејзиниот драг, за која искрено се надеваме дека тој бил барем соодветно платен.

 

 

Leave a Reply