Младите од Куманово денеска во Кружната сала на поранешен Комитет имаа можност да дебатираат заедно со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп на тема „Македонија и ЕУ во предизборен период“.


Настанот беше во организација на Центарот за интеркултурен дијалог и Општина Куманово, а во соработка со холандската амбасада во Македонија.
Целта на посетата е да се информира за претстојните изборни процеси, за една мултиетничка заедница како што е Куманово, како се движат работите, потикнат од сознанието на испитувањето на јавното мнение дека над 40% од луѓето сметаат дека тајноста на гласањето не е загарантирано и дека владата знае за таа работа. Целнта беше да се даде силна верба пред се на младите луѓе кои треба да ја пренесат таа порака да гласањето треба да биде личен став, персонален став, судбината која влада ќе не води после 12ти е одлука на граѓаните, а меѓународната заедница е тука само да мониторира и да ги обезбеди адектавните услови за фер и демократски избори – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Како што потенцираше амбасадорот Пломп, граѓаните на Куманово минатата година покажале дека ништо не може да ги наруши меѓуетничките односи, а тие според него се модел за подобра иднина на целата земја.
Денеска дојдов не толку да зборувам колку да слушам и слушнав многу работи, сите овие работи ќе ги земам со себе ќе ги дискутирам со другите мои колеги, со претстаниците на ОБСЕ кои се инволвирани во овој процес и мислам дека е битно најбитната порака е дека граѓаните треба да гласаат и та е нивниот глас и гласот за нивната иднина. Една од работите кои што беа кажани денеска на оваа маса беше загриженоста со нерегуларности кои што биле во минатото со зиборните процеси на кое што кажав дека еден од резултатите на Пржинскиот договор е оснивањето на Специјалното јавно обвинителсто и затоа оваа институција треба да ја има целата поддршка, бидејќи воа е институцијата која треба да ги расчисти овие соменвања околу овие нерегуларности. Во случај да има пак нерегуларности и притисоци ги охрабрив сите да ги пријават овие во надлежните институции, омдусманот, канцеларијата на МОСТ каок и сите меѓународни организации кои ќе ги нагледуваат изборите како што се МОСТ и ОДИХР – вели Ваутер Пломп, амбасадор на Кралство Холандија.
Освен ЦИД на самата дискусија учество зедоа и други невладини организации кои имаа можност да зборуваат за учеството на младите во претстојниот изборне процес, како и нивните права како гласачи.
Имаа прилика малдите од Куманово, односно младите од 18 до 29 години кои исто така се дел од изборниот електорат и заедно со амбасадорот, градоначалникот и претставници од други невладини организации да продискутираме за тоа колку е битен нивниот глас во овие избори и колку се придава значење на тоа право на младите – Флорим Реџепи, ЦИД.
Како што потенцираше амбасадорот доколку има нерегуларнсоти на претстојните избори сите да се пријават до МОСТ и надлежните владини и невладини институции.


