Младите ги испишаа желбите на елката на градскиот поштад во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младите од Куманово денеска на новогодишната елка на градскиот плоштад ги испишаа желбите за 2022 година. иницијативата за ваквиот настан доаѓа од младите членови на Советот на Општина Куманово, кои ветија дека ќе се заложат овие желби да бидат остварени.

Loading...

 

 

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Невена Величковска ги повика сите млади да се вклучат во иницијативата и да дадат своите идеи.

– Како иницијатива на млади советници од Советот на Општина Куманово денеска ја украсивме новогодишната елка со проекти за млади за кои се надеваме дека ќе најдеме начин и напори да ги реализираме во 2022 година сите заеднички. Ги повикувам и сите млади од Општина Куманово без разлика на различностите да се вклучиме во оваа иницијатива да дадеме предлози и да бидеме гласни во нашите барања за да можеме да изготвиме решенија и одлуки во Советот на Општина Куманово и да го вратиме сјајот на Куманово, да биде град на младите, рече Величковска.

 

Loading...

 

Меѓу желбите што младите ги имаат за својот град, а денеска ги истакнаа на елката, се кино сала, младински центар, нови спортски игралишта, паркови, но и бесплатен гејминг центар.

 

 

Општина Куманово, како што појасни советничката Величковска, направи измени во статутот со што беше формиран Локалниот младински совет кој ќе се залага за сите идеи на младите.

– Тоа ќе биде една творба за младите кои ќе имаат свој буџет во општина Куманово. Иако тоа е мала ставка не значи дека ќе остане на тоа што е законска основа, туку ќе направиме многу повеќе напори да собереме што повеќе средства и ова веќе еднаш да профункционира и да биде слушнат гласот на младите, а ние како советници без разлика на нашата различност ќе се споиме заеднички за оваа цел Куманово да стане град на младите, вели Величковска.

 

Loading...

 

Додава дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата оваа година да не се трошат пари за украсување, туку во состојба на енергетска криза да се пренасочат во други проекти. Вети дека во 2022 година сите ќе го почувствуваат новогодишниот сјај.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски