Кога ја знаеш својата цел и ако се правиш за да успееш во нејзинотот остварување, после извесен период целта ќе стане твоја реалност.
Но, секогаш треба да знаеш дека упорноста, дисциплината и истрајноста се едни од клучните алатки во нејзиното остварување особено во спортот и елементи за успех кои важат за млади и талентирани спортисти.
Успехот не е привилегија на паметните и учените луѓе. Успехот е привилегија на упорните и истрајните. Буквално ова важи за талентираниот пливач Никола Трајановски од Куманово кој е генерација 2002 година и сега во моментот тренира и се школува во САД, поточно во сојузната држава Илиноис.
Како млад пливач своите способности и вештини ги покажа како член на пливачкиот клуб „Тумба” каде под водство на тренерот Далибор Димковски бележеше одлични резултати.
По заминувањето во САД, Трајановски напорна тренира, работи и бележи инзворедни резултати со што се наметнува како сериозен кандидат за следен репрезентативец и пливач кој допрва ќе доаѓа до резултати и поставување на времиња за кои сите ќе зборуваме.
Како резултат за неговата добра работа во изминатите скоро две години како престојува и тренира во САД е понудата на Универзитетот Ајова да се придружи во оваа високо образовна институција како стипендист кој ќе може да продолжи со пливањето.
Добрата форма ја потврди минатиот викенд каде го освои второто место на 50 метри слободно на првенството на пливачките клубови на возраст до 18 години на ниво на сојузната држава Висконсин со вкупно време 24:26.
Исто така за одбележување е резултатот на 100 метри повторно второ место краул со време 53:91 секунди. За комплетирање на успешниот викенд е освоеноото трето место во дисциплината делфин на 100 метри остварено време од 01:00:55 .
Оваа се одлични резултати за младиот Кумановец каде со сигурност дека во периодот кој следи ќе има нови уште подобри резултати.
Токму оваа убава вест беше повод да позборуваме со младиот и талентиран пливач кој сеуште е член на Пливачкиот Клуб „Тумба” кој е под водство на професорот Далибор Димковски.
Никола како се чувствуваш после овие одлични резултати?
– Искрено да ви кажам се чувствувам одлично и мојата форма е се подобра и подобра. Резултаитте се мерило за тоа, кои се подобри од натпревар во натпревар а како стојат работите и сигурен сум дека ќе бидат уште подобри со што се надеквам дека за скоро време ќе го нападнам македонскиот актуелен државен рекорд за кој сум сигурен дека ќе го срушам. Како оди иднината така сум се посигурен во остварување на нови одлични резултати во омилените мои дисцплини.
Пристапуваш кон пливачката школа на Универзитет Ајова.
– Да така е. По одличните резултати во последните две години, постоеше интерес од нивна страна и понуда ,на чие обострано задовлоство беше прифатена. За мене како пливач одговара, затоа што ќе имам можност да се унапредувам и усовршувам како спортист на највисоко можно ниво,а воедно и голема чест.
Како фунционирате во САД во време на пандемијата ?
– Пливањето како спорт во САД се смета за еден од најбезбедните спортови ,вклулувајќи го и во средните училиште како дисциплина..Покрај основните правила за заштита од ковид-19, немаме дополнителни ригорорзни и рестриктивни мерки. Мора да напоменам дека последната недела беше донесена и одлука со што се одобрува и присуство на публика на средношколките натпревари во пливање.
Дали оваа лето Никола Трајановски ќе те видиме во Македонија на државното првенство каде треба да настапи за својот матичен клуб од каде потекнува „ТУМБА”?
– Нема никаква дилема.Многу сакам и ќе ми биде чест и задоволство да бидам дел од мојот тим од каде потекнувам на државниот шампионат и се надевам дека ќе може да се натпреварувам. Но не зависи од мене,туку од целата ситуација околу пандемијата .Како ќе се патува,дали ќе биде дозволено да се тренира и други работи, Ќе потенцирам дека сакам и се надевам дека ќе можам да ги бранам боите на мојот матичен клуб.
Која е формулата за успех и што ќе им порачаш на помладите кои се занимаваат со овој спорт?
– Не постои конкретна формула,туку само треба да се има желба и да се сака тој спорт ,а потоа најбитните карактеристики како и на секој успешен спортист се работа, упорност и посветеност, а резултатите потоа ќе дојдат сами по себе – потенцира во својата изјава младиот Никола Трајановски.