Младиот артист Лука Чомбе со нов сингл – „Паника“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младиот музичар од Куманово, Лука Чомбе, ја претстави својата најнова песна со наслов „Паника“, со која продолжува да го гради својот автентичен музички израз на домашната сцена.

Автор на музиката и текстот е самиот Лука Чомбе, додека продукцијата е доверена на Иван Јованов – Iwayo. За миксот, мастерингот и аранжманот заеднички работеа Иван Јованов – Iwayo и Давид Ивановски, што на песната ѝ дава модерен и професионален звук.

Видеоспотот за „Паника“ е реализиран во продукција на Urban Records, а режијата ја потпишува Гордан Божиновски. Со впечатлива визуелна приказна, видеото дополнително ја надополнува емоцијата и пораката на песната.

Со „Паника“, Лука Чомбе уште еднаш покажува дека Куманово има млада музичка сцена со сериозен потенцијал, а песната веќе го привлекува вниманието на публиката на социјалните мрежи и музичките платформи.

Песната може да ја слушнете во продолжение:

 

Никола Ивановски