Младиот актер пронајден мртов, полицијата со денови трагала по неговото тело, причината за смртта се уште е мистерија

Сподели со своите пријатели

Актерот Метју Миндлер (19) е пронајден мртов во близина на колеџот на кој студирал, и во близина на кој бил последен пат виден.

Loading...

Исчезнувањето на младиот актер, познат по улогата во комедијата „Our idiot brother“, било пријавено во средата, откако тој не се врати во студентскиот дом на Универзитетот Милерсвил, каде што студирал. Последен пат неговите колеги студенти го виделе во вторникот вечерта, додека одел кон паркингот во кампусот, пренесува NBC news.

 

 

Неговото тело е пронајдено во близина на факултетот, но причината за смртта се уште не е соопштена.

Миндлер стана познат по улогата во комедијата „Our idiot brother“, и играше во неколку филмови и серии пред да одлучи да се посвети на студиите.

 

Loading...