Млади сме, моќни сме: Пленумците остануваат во кампот пред МОН

Сподели со своите пријатели

Средношколскиот Пленум останува во кампот пред МОН откако деновиве остварија неколку неуспешни средби со министерот Абдулаќим Адеми.

Loading...

Како што информираа на социјалните мрежи, средношколците од денес на нов штанд за потпишување на петиција на ул. Македонија, ќе побараат поддршка на барањата, откако четврти ден, средношколците и по неколкуте средби со МОН, останаа на ставот да продолжат со бојкот.

Штандот ќе биде отворен од 12:00h до 19:00h. За два дена според Средношколскиот Пленум, пред кампот биле собрани 3567 потписи, поткрепени со рачен потпис и број на лична карта, и истот број расте со секој изминат момент.

Средношколскиот Пленум на својот Фејсбук профил упати апел до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти МОН (Министерство за образование и наука) или на улица Македонија, со цел средношколците да бидат поблиску до отстварување на нивните јасно оддамна јасно поднесени барања.

Leave a Reply