Четворица кумановци физички нападнале, а потоа ограбиле 72-годишна жена од Куманово, по што биле приведени.
Loading...
– На 26.02.2023 во 03.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.С.(20), С.С.(20), Н.К.(21) и М.К.(19), сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека околу 01.30 часот на улица „Моша Пијаде“ физички ја нападнале С.Т.(72) од Куманово и ѝ одзеле чанта.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски