Младенци потрошиле пари за организирање на венчавката, па ангажирале гости: Гостите ги миеле садовите

Сподели со своите пријатели

Свадбата треба да биде најсреќниот настан, како за гостите, така и за младенците. Сепак, понекогаш работите не одат според планот, особено кога станува збор за планирање настани.

Loading...

Имено, една жена го сподели своето искуство на социјалната мрежа Редит кога била поканета на свадба со нејзината најдобра пријателка. Жената била шокирана кога дознала дека таа и уште девет гости добиле задача да ги мијат сите валкани садови по вечерата.

 

 

– Невестата и младоженецот потрошија пари на сала која чинеше многу, а невестата сакаше и дизајниран фустан, па останаа без пари за дополнителен персонал – напишала оваа жена.

Венчавката беше прекрасна, сè додека гостите не почнаа да бараат повеќе храна, бидејќи порциите што ги добиваа беа како оние за деца.

– Го намалија изборот и количината на храна на минимум, бидејќи секако, немаа пари. Така, некои гости останаа гладни – се присетува девојката.

Loading...

Оваа жена открила и дека младенците се развеле по три години брак, бидејќи имале проблеми со финансиите и долговите.

 

 

Многумина пишуваа коментари дека целата ситуација им е смешна и дека не можат да веруваат дека младенците ги прашуваат гостите за такво нешто.

– Не знам како не им беше глупаво тоа да го бараат од гостите – напиша една жена, а друга додаде дека не може да верува дека луѓето се согласиле да ги мијат садовите:

– Никогаш не би се согласила на тоа, дури и ако младенците се налутат. Тоа е понижување.

 

Loading...

Leave a Reply