Младенче од панда за прв пат претставено пред јавноста во Малезија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Младенче на панда, кое пред пет месеци е родено во зоолошката градина во Малезија, прв пат денеска е претставено на јавноста.

 

Loading...

 

Женката, која се уште не добила име, второ е младенче на пандите Лиан Лианг и Сијинг Сијинг, кои на 10 години и се позајмени на Малезија, каде се наоѓаат од 2014. година.

 

 

Нивното прво младенче, женката „Нуан Нуан“, родена е во август 2015. година, а во ноември минатата година вратена е во Кина во рамките на договорот со Пекинг младенчињата родени во затворени услови да се враќаат на две години.

 

Loading...

 

Претставниците во зоолошката градина рекле дека парот жиновски панди го соборил светскиот рекорд добивајќи со природна репродукција второ младенче за четири години.

 

 

Припадниците на медиумите имале можност да го снимат младенчето преку заштитно стакло.

 

 

Според наводите на зоолозите, здравото младенче е тешко девет килограми, наведува АП.

Leave a Reply