МКС издаде налог за апсење на Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за наводни меѓународни злосторства, воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Со двете потерници вкупниот број на налози за апсење на највисоките руски функционери се искачи на четири, бидејќи МКС претходно издаде налози за апсење на претседателот Владимир Путин и руската функционерка Марија Лвова-Белова за наводно депортирање на украински деца во Русија.