МКК Куманово загуби од Пелистер со 30 поени разлика

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово претрпеа убедлив пораз на вчерашното гостување кај Пелистер во Битола, со резултат 92:62.

Со минимално водство на гостите од Куманово заврши првиот период од играта на средбата во салата „Боро Чурлевски“ (24:23). И тоа како да ги натера домашните кошаркари да заиграат со многу поголем ангажман во продолжението.

Особено тоа се однесува во фазата на одбраната, затоа што во другите три периоди од играта на противникот му дозволија да реализира само 38 поени.

До крајот на првото полувреме, Пелистер поведе, но со не така високи (44:39).

Но по одморот, „зелено-белите“ продолжија во исто темпо, со цвста игра во одбраната направија уште повисоко водство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово вечерва гостува кај Пелистер

По три одиграни периоди изградија (65:49), а не застанаа ниту во последниот, во кој ги тргнаа дилемите околу тоа кој ќе победи.

А во нападот имаа неколку расположени кошаркари. Ги предводеше Дејвис, кој реализираше 23.поени, Вилсон имаше 19, Малешевиќ постигна 18, Џенкинс 12, а Митревски уште 10.поени.

Кај МКК Куманово, екипа која по ова 18.коло има половичен ефект (9-9), Радукиќ постигна 14.поени (седум асистенции и шест скока), а Ѓуроски додаде уште 10.поени.

КФСМ