МКК Куманово вечерва гостува кај Пелистер

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на гостински терен ќе ги одмерат силите против Пелистер од Битола, во рамки на вонредно коло од домашниот шампионат.

По победата викендов над екипата на Гостивар, избраниците на Марин Докузовски остануваат на четвртата позиција, но останува и Маџари со кого делат ист број бодови.

Двете позиции под нив ги држат Кожув и Чаир со само еден бод помалку.

Тоа значи дека трката за влез во плеј оф завршницата ќе биде тесна и неизвесна до крај, иако засега кумановци имаат многу минимална предност.

Вечерашниот меч се игра од 19 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: На Табакана ќе изградиме паркинг, а не нова зграда (ВИДЕО)

Никола Ивановски