Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен ќе ги одмерат силите со екипата на ТФТ во рамки на домашниот шампионат.
Станува збор за уште еден дерби натпревар, по оној со Пелистер кој се играше пред полните трибини на Спортската сала во Куманово.
Токму составот на ТФТ и Пелистер се единствените екипи подобро позиционирани моментално од тимот на Куманово, по одиграни седум кола.
Мечот започнува утре во 18:00 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Никола Ивановски

