МКК Куманово утре против Пелистер, прв пат пред полни трибини сезонава

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 19 часот во Спортската сала го пречекуваат составот на Пелистер од Битола во рамки на домашниот шампионат.

Двата тима имаат ист број бодови на табелата, Пелистер е втор, а избраниците на Марин Докузовски ја држат третата позиција. Односно двата тима имаат само по еден пораз од почетокот на сезонава.

Кумановци ќе ја имаат предноста на домашниот терен, а битолчани ќе бидат први кои ќе минат низ „кумановскиот пекол“ и ќе гостуваат пред полни трибини, откако сите досегашни натпревари во Спортската сала Куманово беа играни без публика поради казна која домашниот клуб ја имаше уште од минатата сезона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ивана Ѓорѓиевска останува претседател на Советот на Општина Куманово

Огромен интерес веќе владее за натпреварот, а за оние кои се уште не си набавиле билет, тоа можат да го сторат и на билетарата пред Спортската сала, пред почетокот на утрешниот меч.

Никола Ивановски