МКК Куманово утре против Ангели, пак пред празни трибини

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре од 18 часот го пречекуваат составот на Ангели во рамки на 4. коло од домашниот шампионат.

Мечот повторно ќе се игра пред празните трибини на Спорска сала Куманово, оти клубот кон крајот на минатата сезона беше казнет од страна на федерацијата.

Избраниците на Марин Докузовски досега имаат беспрекорни три победи од исто толку одиграни натпревари, а се очекува и утре да ја задржат победничката низа.

Ова ќе биде последен натпревар на домашен терен без публика. На 15ти ноември МКК Куманово ќе го пречека Пелистер и градот за прв пат сезонава ќе може директно да го поддржи својот клуб.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме

Никола Ивановски