МКК Куманово утре ќе ги одмери силите со Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен ќе ги одмерат силите со КК Кожув во рамки на домашниот кошаркарски шампионат.

Кумановци влегуваат како благи фаворити во мечот, но Кожув ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен.

Од досега одиграните натпревари кумановци имаат 15 бодови што ги позиционира на четвртата позиција во табелата, додека Кожув има само еден бод помалку и е две места подолу.

Утрешниот меч започнува во 20 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проектот „ЕУ за чист воздух“ го трансформира квалитетот на воздухот во Куманово