МКК Куманово утре ја започнува битката за опстанок во Првата лига

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен од 18 часот го пречекуваат составот на Гостивар, во првиот дуел од плеј-аут лигата.

Овој натпревар се чини многу поважен за гостинската екипа која го одржа своите шанси за опстанок, макар биле сведени на теорија.

Гостиварци се на скор (6-16), и за да бидат во некоја комбинација, треба да победуваат во серија. Но нема да им биде воопшто лесно затоа што имаат нималку лесно гостување во Куманово.

Кумановци се во многу подобра ситуација, имаат ефект (10-12), кој го пренесоа во оваа Плеј-аут група, па и со „домашни победи“, извесно ќе го потврдат статусот на суперлигаши, а мечот во петок навечер, од 19.часот, пред својата публика, е идеална шанса за тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре делови од Куманово и Младо Нагоричане

Никола Ивановски