МКК Куманово утре го пречекува Работнички во последното коло годинава

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен против Работнички ќе го одиграат последниот меч за оваа календарска година.

По поразот од Кожув изминатиот викенд, избраниците на Марин Докузовски се пред предизвик да ја одбранат 4. позиција во табелата.

Токму првите четири пласирани екипи влегуваат директно за борба Купот на Македонија, додека останатите ќе мора да играат квалификации.

Засега кумановци имаат предност пред Работнички, а ќе ја имаат и поддршката од домашен терен, па во мечто влегуваат како фаворити.

Мечот се игра утре од 18 часот во Спортската сала Куманово, билети ќе се продаваат онлајн, како и пред самиот старт на натпреварот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамил две семејства за летување, им земал 6.000 евра

Никола Ивановски