МКК Куманово утре го пречекува КК Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре од 18 часот ќе го пречекаат тимот на КК Гостивар во рамките на домашниот шампионат.

По кратката пауза во натпреварувањата поради репрезентативните настапи, избраниците на Марин Докузовски ќе се обидат да стигнат до нови победи.

Последниот натпревар беше одигран на домашен терен и кумановци загубија од МЗТ Скопје Аеродром.

Иако се на четвртата позиција во табелата, кумановци делат ист број поени со екипите на Маџари и Кожув, Чаир има еден бод помалку, а два бода помалку имаат Работнички, Феникс и Тиквеш.

Тесната разлика значи дека борбата ќе биде силна, без простор за грешки, бидејќи секоја грешка може да биде скапа, а тоа е да не игра во плеј оф завршницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пукање во липковско: Од возилото пукал кон две лица

Никола Ивановски