МКК Куманово утре го пречекува Чаир

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре ќе го одиграат првиот натпревар годинава во продолжението од домашната Суперлига.

На домашен терен избраниците на тренерот Марин Докузовски ќе го пречекаат составот на КК Чаир.

Ова ќе биде и прв натпревар за Стојан Ѓуроски, кој е новото засилување на сино-белите во пресрет на втората полусезона, откако Марјан Јанески одлучи да се збогува со клубот и да премине во второлигашот КК Бутел.

Куманово моментално се наоѓа на 4. позиција во табелата, додека Чаир се пет места подолу.

Мечот ќе се одигра утре во Спортската сала Куманово со почеток од 18:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец со над 5 килограми марихуана (ФОТО)

Никола Ивановски