МКК Куманово со пораз и од Тиквеш

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово впишаа нов пораз во домашниот шампионат, откако вчеравечер на гостински терен беа совладани од тимот на Тиквеш од Кавадарци.

Кумановци беа подобар ривал во првиот период, впрочем, имаа и минимална предност по десет одиграни минути (22:21).

Но работите почнаа да се менуваат, во корист на екипата од Кавадарци, во текот на втората четвртина. Онаа во која домашната екипа и ја обезбеди клучната позитива која го одреди и понатамошниот тек на мечот во салата „Јасмин“.

Со себе понесоа позитива од девет поени (47:38), на полувремето.

Во текот на третиот период, разликата помеѓу двата ривали, сега и двата во трката за опстанок во друштвото на најдобрите, беше и поголема. Во 28.минута, Тиквеш Голден игл имаше и плус 14 (70:56), за тој дел од играта да финишира со нешто пониски (72:61).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре низа локации во Куманово

Ништо не се смени ниту во последните десет минути од играта.

Период во кој кавадарчани одново „се качија“ и на уште повисика позитива. Имаа (79:64), по 33.минута, а три минути потоа, таа предност беше и повисока (87:71).

Тоа како да ги задоволи момците на тренерот Атанас Манев, па до крајот, кумановци разликата ја сведоа на едноцифрена. Со тројката на Митевски, МКК Куманово дојде на (86:92), но време за нешто повеќе, едноставно немаше.

Одлично одигра комплетната прва петорка на Тиквеш Голден Игл.

Глигоријевиќ постигна двоен ефект од 20.поени и 10.скока. Бошалески го заокружи својот сосема добар настап со 18.поени (три скока и две додавања). Парсонс додаде 17.поени, но имаше и девет скока и осум асистенции, Хоукинс финишираше со 15.поени и пет асистенции, додека Минси го заврши мечот со 13.реализации и исто така, пет успешни додавања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на прием по повод Денот на независноста на Грција (ФОТО)

Пет „двоцифрени“, сите стартери, беа и во гостинскиот тим.

Радукиќ постигна 20.поени, а додаде и 14.скока (и две асистенции). Стевановиќ имаше 18.поени (шест асистенции и пет скока), Митевски запиша 16, Ѓуроски 13.поени (шест скока и три асистенции), а Николиќ додаде уште 11.поени (четири скока и три асистенции).