МКК Куманово поразен од Пелистер

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово викендов на гостински терен впишаа втор пораз сезонава, откако со резултат 88:74 беа поразени од КК Пелистер од Битола.

Loading...

Не дозволија битолчани нивниот терен да биде освоен во денешната битка против екипата од Куманово за кого оваа сезона 2024/2025 е премиерна во највисокиот степен на натпреварување.

Искусниот Александар Петровиќ веќе ‘ги доби’ Тиквеш Голден Игл и МЗТ Скопје Аеродром во првото односно во второто коло, а денешната средба со која се заокружи и третото натпреварувачко коло донесе нова победа во низата на Пелистер.

Неколоку брзи акции му овозможија (единствена) двоцифрена предност веќе во првиот период на тимот од гостинската екипа (17-27). Домаќините успеаја да ги консолидираат своите редови, па по уште десет минути игра на паркетот стигнаа до изедначување (41-41). Следеше изедначена игра од двете страни, по што се замина со минимална предност за домашниот состав на полувремето (50-47).
Во вториот дел од натпреварот се расположи Лука Стојановски, кој трипати во низа погоди зад линијата 6.75 и му донесе нова мотивација на својот тим. Петте поени предност (71-66) со кои стартуваше играта во последниот период прерасна во највисоки 15 (84-69) кои до крајот домаќинот го одржа до финални 88-74.

За Пелистер, двоцифрен индекс на корисност имаше Едвардс (25) благодарение на 19 поени, десет скока, две асистенции и две украдени топки Мишковиќ (20) со 18 поени, пет скока и две асистенции, Александар Костоски (18) со 14 поени, три скока и четири асистенции, Лука Стојановски со индекс 17 односно 15 поени еден скок, две асистенции и една украдена топка и Антоин со 13 поени, два скока и две асистенции (11 индекс).

Од противничкиот табор, лидер беше Урош Луковиќ со 26 индекс односно со 19 поени, 12 скока и четири асистенции, Радукиќ (20) со 20 поени, четри скока и две асистенции, Волер со 13 поени, три скока и една асистенција и Тадиќ со (10) седум поени, еден скок и 11 асистенции.

КФСМ